Основна дејност на РЕ "Заеднички служби" е вршење на сите активности од заеднички интерес на претпријатијето поврзани со финансиско-комерцијалниот, административен и правен аспект на работењето.

    Правната служба која е дел од ова работна единица ги подготвуваат ситe потребни материјали и правни акти за работењето на управните органи во претпријатието, како и потребните решенија, одлуки и други акти за остварувањето на правата и обврските на вработените во претпријатието. Оваа служба ги извршува работите од областа на работни односи, застапување и тужење, извршување на решенија и обезбедување на имот.

    Финансово-комерцијалната служба ја извршува функцијата за наплата на побарувањата кои ги остварува претпријатието со пласман на своите услуги, набавка на репро материјали и суровини за процесот на производство, услуги за реализација на истите како и нивна продажба.

    Вработените во книговодството се грижат за секојдневно книжење на документацијата и настанатите измени во финансиската и материјалната евиденција преку имплементираната програма согласно меѓународните сметководствени стандарди.

Преку оваа служба се изготвуваат периодичните и годишните извештаи за финансиско-материјалното работење на претпријатието.












Сите права задржани. ЈП „Комуналец“ - Неготино. Дизајн: Мегасофт Плус - Битола © 2014