Дејноста на работната единица “Водовод и канализација” e



  • одржување на зелените површини
  • одржување на резервоарите
  • собирање и дистрибуција на вода за пиење
  • одведување на урбани отпадни води
  • одржување на дистрибутивна водоводна мрежа
  • одржување на канализациона мрежа
  • одржување на системот за дистрибуција на вода за наводнување на дворни површини


    Водата за пиење се снабдува од извориште на Кожув планина. Дневното производство на вода е околу 6700m3 . Таа се транспортира до корисниците и резервоар од од 150 m3 за високата зона. и 2500 m3 вкупно од градот. Потребите за вода на градот Неготино и околните населени места Тимјаник, Дуброво и Криволак се обезбедуваат од регионалниот водовод Лукар кој се состои од изворите 1 и 2 и Косматец како и зафатот од Стара река и бунарски систем Пепелиште. Вкупниот капацитет на изворите Лукар е 340 l/s од кои 25% се наменети за Неготино а 75% за Кавадарци.

      Бунарскиот систем пепелиште се состои од два бунари со вкупен капацитет од 26 l/s. Доводниот цевковод од разделната комора до резервоарите во Неготино е со должина од 10700m и DN 323 челичен. Водоснабдениот систем во Неготино е поделен во три зони и истите се снабдуваат со вода преку три резервоари од кои за висока зона 200m3 за средна зона 2500m3 и ниска зона 175 m3 .Разводната мрежа е со должина од 57000m.

     Оваа работна единица го одржува системот за вода за наводнување на дворни површини кој е паралелен систем и е со вкупна должина од 42000m и на истиот се приклучени 90% од физичките лица и 60% од правните субјекти. Системот за одведување на урбани отпадни води е со вкупна должина од 36000m и обезбедува 100% поврзаност на физичките и правни субјекти во градот.

      Водоводната мрежа е изградена од периодот во 1950 до 2003 година. Таа има должина 67500 метри и обезбедува 100% поврзаност на домаќинствата и деловните субјекти. Мрежата за технолошка вода има должина од 42000 метри. Таа е изградено во 1996 година и обезбедува 90% поврзаност на деловните субјекти и 60% поврзаност на домаќинствата. Канализационата мрежа има должина od 36000 метри и обезбедува поврзаност од 100% на домаќинствата и деловните субјекти.


























Сите права задржани. ЈП „Комуналец“ - Неготино. Дизајн: Мегасофт Плус - Битола © 2014