Комуналната хигиена се грижи за собирање, транспорт и депонирање на комунален отпад од територијата на градот и околните населени места и одржување на градски Пазар.


Основна задача на комунална хигиена е:



  • Собирање, транспорт и депонирање на цврст комунален отпад
  • Одржување на градска депонија
  • Одржување на возилата за собирање на смет
  • Поставување и одржување на комуналната опрема


     За успешно извршување на своите работни задачи и оваа работна единица располага со четири специјални комунални возила и еден трактор. Собирањето на смет од градот се прави еднаш еделно по реони а централното градско подрачје се собира пет пати во тек на една недела. Од почетокот на 2014г оваа работна единица собира смет и од сите наши населени места во општина Неготино и за таа цел има распоредено 50 контејнери од 1.1m3 и истите се подигаат два пати неделно. Работната единица “Комунална хигиена” врши одржување на хигиената – подигање на смет од крисниците, како и одржување на пазариштето и гробиштата.



     Пазарот располага со 100 тезги на отворено. Оваа работна единица располага со 5 возила, од кои 2 бубњарки(едната е со капацитет за собирање на смет од 8m3 , а другата од 12 m3 ), 2 трактори и 1 подигач на контејнер. Вкупниот број на канти изнесува 2600, а бројот на контејнери 35. ЈП “Комуналец” – Неготино rрасполага со сопствена депонија оддалечена 6km од градот на локација наречена “Бучето” која се простира на 87000m2 и има јама за мрша и медицински отпад.


















Сите права задржани. ЈП „Комуналец“ - Неготино. Дизајн: Мегасофт Плус - Битола © 2014