Општина Неготино и Швајцарската агенција за развој и соработка СДЦ преку форум на заедници обезбедија грант за набавка на возило за собирање на смет со капацитет од 8м3 и 47 контејнери. Овој грант е наменет за управување со отпад во руралните средини на општина Неготино. Контејнерите се распоредени во сите населени места во зависност од нивната големината, а собирањето на смет се врши два пати неделно.



        Ј.П.Комуналец врши промена на сите водомери во градот на правните и физичките лица со нови водомери и модули за далечинско читање. Со оваа активност ќе се обезбеди навремено и точно читање на водомерите а исто така ќе се намали и ненаменската потрошувачка на вода. Оваа инвестиција се реализира од кредит од КФВ банка прва фаза.



       Во тек е изготвување на основен проект за SCADA на водоснабдителниот систем со што треба да се обезбеди мерење и регулација на проток и притисок по мерни зони. Со реализација на овој проект теба да се намалат загубите на вода и ненаменското трошење на вода.






























Сите права задржани. ЈП „Комуналец“ - Неготино. Дизајн: Мегасофт Плус - Битола © 2014